среда, 12 март 2025

Трамп: Ќе го поканам Зеленски повторно во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп ја искоментира одлуката на Украина да го прифати предлогот за примирје од 30 дена, потврдувајќи дека повторно ќе го покани претседателот Володимир Зеленски во Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да ја завршиме војната во Украина“, кажа Трамп. Тој исто така најави дека американската делегација деновиве ќе се сретне со руската, во рамки на понатамошните напори за постигнување договор.

Последната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Зеленски во Белата куќа, на 28 февруари, заврши ненадејно по жестока кавга во Овалната канцеларија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ