четврток, 26 декември 2024

Трамп: Ќе ги заштитам жените, им се допаѓало тоа или не; Харис: Трамп не ги разбира правата на жените

Демократската претседателска кандидатка Камала Харис вчера изјави дека коментарот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп „дека ќе ги заштити жените без разлика дали им се допаѓа тоа или не“ покажува дека тој не ги разбира правата на жените „да донесуваат одлуки за сопствениот живот, вклучително и за своите тела“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Патем, мислам дека тоа е навредливо за сите“, рече Харис во Висконсин, пренесе АП.

Таа рече дека забелешката е дел од образецот на вознемирувачки изјави на Трамп. Харис, која е и потпретседателка на САД, рече дека тоа е „само најновата во долгата низа“ изјави на поранешниот претседател за неговите ставови за жените.

Трамп ги даде забелешките додека се обидува поцврсто да се поврзе со жените гласачи, додека Харис им рече на жените во двете партии дека треба да бидат слободни да донесуваат свои одлуки за своето тела и дека ќе следат нови ограничувања доколку Трамп биде избран за претседател 5 ноември.

Трамп назначи тројца судии во Врховниот суд на САД кои го формираа конзервативното мнозинство кое ги поништи федералните права за абортус, а во оваа прилика, од 2022 година, на јавни средби и на социјалните мрежи изјавуваше дека ќе ги „заштити жените“ и дека, како што наведува АП, тој ќе се „погрижи да не размислуваат за абортус“. На собирот во средата вечерта во близина на Грин Беј, Висконсин, Трамп им кажа на приврзаниците дека помошниците го повикале да престане да ја користи фразата затоа што е „несоодветна“.

Како што пренесува Си-би-ес њуз, Трамп на тој собир, меѓу другото, рекол дека „сака да ги заштити жените во САД“, но и дека неговите советници во врска со неговите изјави му рекле дека се „многу несоодветни“. „Тогаш реков: Во ред, ќе го направам тоа, без разлика дали го сакаат тоа жените или не. Ќе ги заштитам“, рече Трамп на собирот, и барајќи од собраните, како што пренесува Си-би-ес њуз, да му возвратат со аплауз, тој додаде:

„Има ли самохрана жена на овој огромен стадион што не би сакала да биде заштитена? Има ли жена на овој стадион што не сака да биде заштитена од претседателот?“, рече Трамп на собирот во Висконсин, пренесе Си-би-ес њуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ