недела, 22 декември 2024

Трамп ја одби поканата на Фокс њуз за дебата со Камала: „Нема што да се дебатира“

Поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека нема да учествува на дебата со демократската потпретседателка Камала Харис, неколку часа откако Фокс њуз ги покани двајцата претседателски кандидати на можна втора дебата на 24 или 27 октомври.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп и Харис првпат се соочија во дебата на 10 септември, а Трамп рече дека нема да има друга дебата пред претседателските избори на 5 ноември.

Тој ја одби претходната покана на Си-ен-ен за дебата на 23 октомври, која Харис ја прифати. Според анкетите, претседателската трка е тесна.

Фокс рече дека втората дебата „ќе му даде можност на секој кандидат да ги изнесе своите завршни аргументи“. Харис го избра гувернерот на Минесота Тим Волц за свој потпретседателски кандидат, а Трамп го избра американскиот сенатор Џеј Ди Венс. Двајцата се соочија минатата недела.

„Нема да има повторна дебата. Значи, нема што да се расправа“, рече Трамп на својата платформа „Трут соушл“. Трамп рече дека е предоцна да се одржи дебата.

Трамп на крајот на јуни се соочи на дебата и со тогашниот претседателски кандидат на Демократската партија и актуелен претседател Џо Бајден, а Бајден ја повлече својата кандидатура помалку од еден месец по неговиот екстремно слаб настап.

Трамп доби водство пред Бајден по дебатата, но Харис ја презеде кандидатурата и нејзиниот влез ја заостри трката, при што некои анкети покажаа дека има мало водство.

Во нивната дебата на 10 септември, Харис го стави Трамп во дефанзива со серија напади на неговата способност за функцијата, неговата поддршка за ограничувањата за абортусот и неговите бројни правни проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ