четврток, 20 февруари 2025

Трамп ја честиташе годишнината на независноста на Косово: „Врските меѓу нашите народи се јаки“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ѝ ја честиташе на косовската претседателка Вјоса Османи годишнината од независноста н земјата, соопшти вчера косовското претседателство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Косовското претседателство во соопштение наведе дека во својата порака Трамп „му го честитал на народот на Косово патот кон независноста, истакнувајќи ја решителноста која го следела овој процес“.

Граѓаните на Косово денес одбележуваат годишнина од независноста, која Приштина ја прогласи еднострано во 2008 година со помош на САД.

Во писмото на Трамп се наведува дека „врските меѓу нашите народи е јаки и се радуваме на нивното проширување, особено преку зголемување на можноста за инвестиции, со цел да донесеме повеќе просперитет за двете наши земји“.

Соединетите Држави ќе продолжат да работат со Косово на јакнење на демократските институции и промовирање на економскиот раст преку стабилно и праведно деловно опкружување, се наведува во пораката на Трамп.

На почетокот на февруари Османи изјави дека со новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп, Косово планира да ја продлабочи соработката во областа на одбраната и стратегиските инвестиции.

Османи на почетокот на февруари одржа низа состаноци со американски функционери и конгресмени во Вашингтон, а се сретна и со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на 11 февруари на светскиот самит за вештачка интелигенција во Париз, како и со делегации на американски сенатори и конгресмени викендов на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Во своето писмо Трамп вели дека Д едвај чекаат да изградат попродуктивни врски со косовската влада оваа година.

Косово очекува нова влада по парламентарните избори на 9 февруари, на кои победи владејачката партија на премиерот Аљбин Курти, но не успеа да обезбеди мнозинство за самостојно формирање влада.

Писмото на Трамп следи по критиките кои неговиот претставник за специјални мисии Ричард Гренел ги упати до владата на Курти на 3 февруари, кога кажа дека на САД им требаат сигурни партнери на Балканот, а дека владата на Курти не е тоа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ