Вкупното богатство на Трамп падна за 19 отсто, или 600 милиони американски долари, на проценети 2,6 милијарди долари.
Тоа го стави 300 милиони долари пред границата на Форбс кога магазинот ја објави листата во вторникот.
За разлика од постојаното или растечкото богатство на лидерите на листата на Форбс – Илон Маск, Џеф Безос и Лари Елисон, богатството на Трамп доживеало голем пад.
Ова се случува додека се соочува со растечки број граѓански или кривични обвиненија, вклучувајќи го судењето за измама во Њујорк и повеќе судења закажани за следната година.
Падот на богатството на Трамп, според Форбс, го поттикнале два главни фактори – неговата платформа за социјална мрежа и деловни згради кои ја изгубиле вредноста.
Трамп ја отвори мрежата Трут соушал во февруари минатата година, замислувајќи ја како веродостојна конкуренција на Фејсбук и Твитер. Сепак, мрежата допрва треба да заживее.