понеделник, 30 декември 2024

Трамп им одговори на членките на НАТО што ги налути (ВИДЕО)

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп тврди дека го „направил НАТО силен“ за време на своето претседателствување, откако неговиот повик до Русија да ги нападне земјите-членки на одбранбената алијанса кои не ги исполнуваат финансиските обврски, предизвика бес.

Објавено на

часот

Сподели

„Го направив НАТО силен“, напиша со големи букви републиканскиот фаворит за претседателските избори во САД во 2024 година на социјалната мрежа Трут соушл, која тој ја основа.

„Кога реков дека 20-те земји кои не го плаќаат својот фер дел мора да платат и дека ако не платат, нема да имаат американска воена заштита, парите почнаа да доаѓаат“, рече Трамп.

„По толку години како САД плаќаа за други, тоа беше прекрасна глетка“, рече тој. „Но, сега, кога не сум таму да им кажам дека мора да платат, тие си се вратија на старо“, рече тој.

На настан во рамки на предизборната кампања во Јужна Каролина во саботата, Трамп рече дека „нема да ги заштити од Русија“ земјите кои не ги исполнуваат барањата на НАТО за одбранбени трошоци.

„Еден претседател на голема земја ми рече: Доколку не платиме и бидеме нападнати од Русија, ќе нè заштитите? Реков.. Не, не би ве заштитил. Всушност, би ги охрабрил да прават што сакаат“, рече Трамп, мислејќи на Русија, доведувајќи ги во прашање обврските за колективна одбрана на Алијансата.

Не е јасно дали Трамп некогаш имал таков разговор со претседател на друга земја.

Трамп ги нарече земјите кои не трошат 2 отсто од БДП за одбранба деликвенти.

Коментарот на Трамп предизвика бурни реакции во Европа, каде се свежи сеќавањата за скептицизмот на Трамп кон трансатлантската алијанса.

Тој предизвика бес и во 2017 година кога го нарече НАТО застарен, а за време на својот претседателски мандат често обвинуваше дека САД плаќаат неправеден дел како членка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ