петок, 31 јануари 2025

Трамп: Хеликоптерот што се судри со патничкиот авион летал превисоко

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека воениот хеликоптер Блек Хок, кој се судри со патнички авион во Вашингтон, летал превисоко во моментот на несреќата. Војската сè уште не одговорила на барањето за коментар.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Американски воени хеликоптери редовно летаат на рута над реката Потомак во близина на многу прометниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон. Од безбедносни причини, висината на летање за хеликоптери е ограничена на 61 метар.

„Хеликоптерот Блек Хоук летал премногу високо. Многу над ознаката од 61 метар. Навистина не е премногу тешко да се сфати, нели???“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

Федералните сообраќајни власти спроведуваат истрага за несреќата. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера изјави дека се чини дека проблемот е висината на која летал хеликоптерот и дека воените истражители спроведуваат истрага на теренот. Но, Хегсет и војската истакнаа дека тројцата членови на екипажот на хеликоптерот биле искусни војници.

Војската објави дека инструкторот за летање кој управувал со леталото имал 1.000 часа лет зад себе, а копилотот имал 500 часа. Хеликоптерот му припаѓал на 12-от воздухопловен баталјон, чие седиште е во Форт Белвоар, Вирџинија. Единицата е задолжена за летови со хеликоптери во областа на главниот град на САД и редовно превезува високи американски функционери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ