Сето ова се случува на само неколку дена пред истекот на рокот за усвојување. Ако помине рокот, нема да има пари за финансирање на федералната влада и нејзините агенции. Ненадејното влегување на Трамп во дебатата и новите барања предизвикаа хаос во Конгресот додека пратениците се обидуваат да ја завршат својата работа и да се упатат дома за празниците.
Затоа Џонсон до доцна во ноќта се обидувал да смисли нов план пред крајниот рок в петок за владата да остане отворена.
Новоизбраниот претседател и неговиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изнесоа речиси невозможен предлог во кој го комбинираат континуираното финансирање на владините средства со многу поконтроверзната идеја за зголемување на лимитот на националниот долг.
Тоа кревање на лимитот републиканците своевремено рутински го одбиваа.