недела, 22 декември 2024

Трамп ги обвини Бајден и Харис за атентатот: Тие се вистинската закана

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денес ги обвини сегашниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за вториот обид за убиство во неговиот голф клуб на Флорида.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за Фокс њуз Трамп кажа дека осомничениот им верувал на изјавите на Бајден и Харис и дејствувал согласно на нив. „Пукаат во мене поради нивната реторика. А јас сум тој кој ќе ја спаси земјата, а тие се тие кои ја уништуваат – и одвнатре и однадвор“, кажа тој.

Тој со оваа изјава алудираше на коментарите на Бајден и Харис дека Трамп е закана за демократијата. „Тоа се луѓе кои сакаат да ја уништат нашата земја. Бајден и Харис се вистинската закана. Користат запаливи изјави. И јас би можел, многу подобро од нив, но не го правам тоа“, кажа републиканскиот кандидат за претседател на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ