четврток, 23 јануари 2025

Трамп до бизнис лидерите: Произведувајте во Америка или ќе се соочите со царини

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика бизнис лидерите собрани на Светскиот економски форум во Давос да дојдат да „произведуваат во Америка“ или „ќе мора да платат царина“ за продажба на вашите производи во САД.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Мојата порака до сите бизниси во светот е едноставна, дојдете направете ги своите производи во Америка и ќе имате еден од најниските даноци во светот. Но, ако не ги правите во САД, што е ваше право, тогаш, едноставно, ќе треба да платите царина“, изјави Трамп во говорот преку интернет.

Во понеделникот, по враќањето во Белата куќа, американскиот претседател ја повтори својата намера да воведе царини за некои од главните трговски партнери на САД, како Кина, но и Канада и Мексико, кои теоретски се заштитени со договорот за слободна трговија меѓу трите северноамерикански земји.

За време на говорот Трамп ги повика Саудиска Арабија и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да ја намалат цената на нафтата, велејќи дека тоа требало да се направи порано и ќе помогне да се стави крај на војната во Украина.

„Ќе побарам од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата и искрено, изненаден сум што не го направија тоа пред изборите во САД. Ако цената беше пониска, војната во Украина ќе завршеше веднаш“, додаде Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ