среда, 4 декември 2024

Трамп: Блискиот Исток ќе плати пеколна цена ако не бидат пуштени израелските заложници

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека Блискиот Исток ќе плати „пеколна цена“ ако заложниците кои Хамас ги држи во Појасот Газа не бидат пуштени пред неговата инаугурација на 20 јануари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако заложниците не се ослободат пред 20 јануари 2025, датумот кога со гордост ја преземам должноста претседател на Соединетите Држави, на Блискиот Исток ќе платат пеколна цена“, порача Трамп на социјалните мрежи, наведувајќи дека тоа се однесува особено на „одговорните кои извршиле ѕверства“.

Додаде дека одговорните за тие злосторства „ќе бидат погодени посилно од кога било претходно во историјата на Соединетите Американски Држави“, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ