Полицајци од ОВР Ресен на место викано Елски лозја од З.М.(56) од Ресен одзедоа трактор марка ИМТ и приколка натоварена со огревни дрва без соодветна документација. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Ресен на место викано Магацините, во атар на с.Болно, ресенско, пронајдени се патничко возило шкода фелиција без регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва и моторна пила. Предметите се одземени и се предадени на Шумска полиција во Ресен за понатамошна постапка.