Најдолгиот скок на Трајковски беше 7,73 метри, што е за шест сантиметри послабо од македонскиот рекорд кој го постави тој пред еден месец на Балканијадата во Истанбул.
Трајковски во првата серија скокна 7,55, во втората 7,73, во третата 7,51. За пет сантиметри не успеа да се пласира меѓу првите осум со што ќе добиеше уште три скока. Доколку беше на нивото на своето најдобро време, ќе го постигнеше тоа.
Златниот медал го освои Милтиадис Тентоглу од Грција со скок од 8,22 метри, среброто му припадна на Италијанецот Матиа Фурлани кој имаше иста должина како Тентоглу, но полоша серија, на последното место на пиедесталот застана Кару Мекленд од Јамајка со скок 8,21 метри.