четврток, 26 декември 2024
Став на поранешниот претседател на Собранието

Трајко Вељаноски: Може да се гласа со РМ-пасош, тој документ е само за идентификација

Поранешниот претседател на Собранието на Македоија, Трајко Вељаноски вели дека Државната изборна комисија не треба да има дилеми, односно дека граѓани кои имаат пасош кој го содржи името Република Македојија можат да гласаат на изборите, бидејќи внатре во земјава тоа е документ само за идентификација на личноста која го поседува.

Објавено на

часот

Сподели

„Државната Изборна Комисија мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање. Согласно чл.22  од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.

Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за индетификација на личноста а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите (наспроти измените на законите)  каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.

Само како пример, во 1998 година тогашната Државна изборна комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолго од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот.“, вели Вељаноски во дописот до медиумите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ