Челси е осамен на втората позиција на табелата во Премиерлигата откако вечерва со 3-4 славеше против Тотнем во второто дерби на Лондон кое беше на програмата денеска.
„Спарси“ имаа предност од 2-0 по само десетина минути игра а трагичар беше Кукуреља, кој се лизна во два наврати и овозможи домаќините прво да поведат преку Соланке, а потоа и да ја дуплираат предноста преку Кулушевски.
Но „сините“ брзо фатија приклучок, Санчо во 17. минута убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот и намали на 2-1.
Двата тима потоа пропуштија неколку добри шанси, за по еден час игра Палмер од пенал да изедначи на 2-2. Челси доби крилја по овој гол, па Фернандез во 74. минута со полуволеј го матираше Форстер за 2-3.
🚨🔵 Chelsea’s build-up before Enzo Fernández’s goal is incredible. ✨pic.twitter.com/AI1uCTnhp2
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 8, 2024
Дилемите околу победникот беа решени десет минути подоцна, Палмер доби нова шанса од белата точка и со „паненка“ донесе 2-4.
🚨🏴 GOAL | Tottenham 2-4 Chelsea | Cole Palmer
COLE PALMER WITH THE PANENKA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! 🥶pic.twitter.com/vmR3M2Hd3n
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 8, 2024
Во 97. минута од мечот, Сон Хеунг Мин реализираше за 3-4, но веќе беше предоцна, Тотнем немаше време да избегне нов пораз.