Лондонскиот тим имаше одличен влез во мечот, по 15 минути игра Соланке даде гол за водство на Тотнем од 1-0. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
На самиот старт од вториот дел Кулушевски зголеми на 2-0, а веќе во 54. минута беше 3-0 за Тотнем со нов гол на Соланке.
Манчестер јунајтед успеа да се врати во игра благодарение на две грешки на голманот Форстер. Во 63. минута погоди Зиркзе за 3-1, а Диало во 70. минута намали на 3-2.
Манчестер јунајтед по двата гола бркаше израмнување, напаѓаше, но во 88. минута Сон директно од корнер даде гол за 4-2.
На овој меч немаше ВАР технологија, а доколку имаше веројатно голот на Сон ќе беше поништен поради фаул врз голманот Бајиндир.
Во 94. минута Џони Еванс даде гол за Манчестер јунајтед за 4-3 и возбудливи последни минути од мечот кои сепак не донесоа уште еден погодок.
SON GOAL FROM A CORNER KICK 🤯
— Janty (@CFC_Janty) December 19, 2024