Тошковски, кој веќе втор ден присуствува на министерската конференција во Крањ, како што информираат од МВР, на маргините на конференцијата остварил билатерална средба со словенечкиот министер за внатрешни работи Боштан Поклукар на која се разговарало за неколку прашања од заеднички интерес на двете држави.
„Од министерот Поклукар побарав да продолжи соработката во делот на обуките за хеликоптерските единици, а воедно ја истакнав и потребата од интензивирање на процедурите за меѓусебно признавање на возачките дозволи. На крајот се заблагодарив за разбирањето што го има Словенија за проблемот со патните исправи, како и за силната поддршка што ни jа дава на патот кон нашето полноправно членство во Европската Унија“, потенцирал Тошковски.