понеделник, 16 декември 2024

Тошковски: Ако е чист како солза, го повикувам Груби да се врати!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција соопшти дека се поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Државна лотарија.

Објавено на

часот

Сподели

Поднесена е пријава против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, еден поранешен вицепремиер, еден поранешен директор на правно лцие и еден поранешен генерален секретар. Две од лицата не се достапни на органите на прогонот, изјави Тошковски.

Многу добро знае јавноста кои се тие две лица, рече Тошковски. „Јас би упатил јавен повик, од еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка“, рече Тошковски.

Денеска, при извршените претреси, неофицијално пронајдена е поголема сума на пари, а Тошковски потврди дека се најдени 40.000 евра кај еден од обвинетите, а 20.000 евра кај друг.

Денеска се извршени претреси во домовите на Артан Груби, поранешниот вицепремиер и поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами.

Груби, по вчерашните информации дека избегал во Косово, на својот фејсбук-профил напиша дека е во приватна посета и дека секако дека ќе се врати во Македонија.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ