Милан веќе го има осигурано второто место на табелата, Торино се уште се надева на излез во Европа, па „биковите“ вечерва покажаа повеќе желба за трите бода и триумфираа со 3-1.
Запата го отвори резултатот во 26. минута, со глава ја затресе мрежата за 1-0. Пред крајот на првиот дел, и Илиќ со глава го матираше Спортиело за 2-0.
STOP THAT RICARDO RODRIGUEZ
pic.twitter.com/n7vbG7N22W— Stop That Calcio 🇮🇹 (@StopThatCalcio) May 18, 2024
Најубавиот момент на натпреварот се случи по двесетина секунди игра во второто полувреме, Рикардо Родригез прекрасно погоди од далечина за својот прв гол во Торино, и прв во последните шест години.
Неговиот последен гол беше во дресот на Милан, на натпревар во Европа против Лудогорец во 2018 година.
Почесниот гол за Милан беше дело на Бенасер, кој од пенал реализираше за 3-1 во 55. минута од мечот.