петок, 18 октомври 2024

Топлотниот бран Кербер пристигна во Европа. Се очекуваат температури над 40 °C

Објавено на

часот

Сподели

Во Италија температурите би можеле да достигнат до 48,8 степени. Црвен аларм е објавен за 10 градови, меѓу кои Фиренца и Рим.

Во вторникот, маж на околу 40-годишна возраст почина по колапс во северна Италија. Италијанските медиуми објавија дека 44-годишниот работник бојадисувал зебри во градот Лоди, во близина на Милано, пред да колабира од жештината. Тој бил пренесен во болница каде подоцна починал.

„Се соочуваме со неподнослив топлотен бран“, напиша италијанскиот политичар Никола Фратојани на Твитер. „Во најжешките часови треба да се преземат сите корисни мерки на претпазливост за да се избегнат трагедии како онаа што се случи денеска во Лоди“.

Неколку туристи во земјата веќе колабираа поради топлотниот удар, меѓу кои и еден Британец пред Колосеумот во Рим.

Топлотниот бран Кербер – именуван од Италијанското метеоролошко друштво по чудовиштето со три глави што се појавува во пеколот на Данте – се очекува да донесе екстремни услови во текот на следните неколку дена.

Метеоролошката канцеларија вели дека температурите ќе го достигнат врвот во петок, а „Би-би-си време“ вели дека големи делови од јужна Европа би можеле да забележат температури над 40 степени, а можеби и повеќе.

Жештините најверојатно ќе продолжат и во текот на викендот. Во Прага, главниот град на Чешка, температурите во сабота би можеле да достигнат и до 36 степени според „Би-би-си време“, што е значително над просекот од 24 степени во јули.

Највисоката температура во Европа од 48,8 степени Целзиусови е забележана во близина на Сиракуза на италијанскиот остров Сицилија во август 2021 година.

Повеќе од 60.000 луѓе починаа во Европа минатата година како последица на жештините. Се стравува дека овој топлотен бран може да однесе уште многу животи ова лето.

Топлотен бран е период на топло време каде температурите се повисоки од очекуваните за тој период од годината.

Експертите велат дека периодите на екстремно топло време се сѐ почести, а климатските промени се почесто носат рекордни температури.

Европскиот центар за среднорочни временски прогнози објави дека овогодинешниот јуни во светот бил најтопол досега забележан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ