Зошто ова го тврдиме со таква сигурност? Топлинските пумпи на LG се тивки, не бараат посебно одржување и се дизајнирани имајќи ја предвид околината. Корисни се и за новоизградените и за реновираните куќи.
LG THERMA V air-to-water топлинската пумпа е одржливо решение за греење за домот со ниска содржина на јаглерод. Додека повеќето други системи за греење се базираат на фосилни горива, LG користи обновлива енергија за генерирање топлина со комбинирање на 20% електрична енергија и 80% надворешен воздух, што ја прави THERMA V еколошки прифатлива алтернатива на застарениот котел кој користи фосилни горива за топла вода и греење. Како и клима уредот, топлинската пумпа може да го разлади домот, но уште поважно за тековната сезона – може и да го загрее и да обезбеди топла вода, во текот на целата година со А+++ рејтинг за енергетска ефикасност. Дури и при ниски температури на околината, системите обезбедуваат греење со 100% излезна моќност до -15℃ (кај моноблок моделите).
За разлика од другите типови на греење, кај топлинските пумпи, својствата на различните модели одредуваат каде најдобро се применуваат. Изборот на моделот за кој простор би бил најефикасен зависи од типот на системот за греење што корисникот моментно го има или ќе го изгради. Дали постои бојлер за топла вода? Ако не, има ли простор за тоа? Дали има подно греење и/или радијатори? Типот на системот и конфигурацијата можат да варираат, а за секоја дадена околност постои решение.
Еден од овие типови топлински пумпи е LG Therma V Monobloc системот, едноставно се-во-едно решение. Како што сугерира неговото име, Monobloc системот се состои од еден модул – една надворешна единица. Ова овозможува оптимално користење на внатрешниот простор. Се поврзува само на бојлерот, без потреба од дополнителна внатрешна единица. LG Therma V Monobloc системот е лесно и практично решение за замена на бојлерот и најдобро решение за комбинација со бојлер, со што се елиминира ризикот од истекување на разладното средство во домот, бидејќи единствениот елемент што влегува таму е водата. Иако Monobloc системот може да заштеди простор во просторијата, надворешната единица е поголема, па затоа е важно да се уверите дека има доволно простор да се смести.
Уште едно добро решение е LG Therma V Split системот. За разлика од решението Monobloc, Split системот вклучува надворешна и внатрешна единица кои се поврзани со цевки за средството за ладење. Поради тоа што има две единици, надворешната единица е помала од онаа на LG Therma V Monobloc. Ова овозможува пофлексибилен избор на локација за инсталација и последователно одржување на единицата. Растојанието помеѓу внатрешната и надворешната единица може да достигне до 50 метри. Благодарение на средствата за ладење помеѓу двете единици, се елиминира ризикот од замрзнување на цевките во зима. Топлинските пумпи со мала моќност се посебно барани за новите куќи кои ги исполнуваат барањата за добро изолирани згради.
Решенијата во вид на топлински пумпи претставуваат технологија која помага да се намали негативното влијание врз животната средина. Можеби ќе ви треба LG Therma V Monobloc систем, кој е идеален за оптимизирање на внатрешниот простор. Monobloc решенијата ја прават домашната или работната средина безбедна без ризик од истекување на средството за ладење. Системот LG Therma Split е идеален кога е потребна флексибилна инсталација на отворено. Без оглед на вашите барања, LG може да ви помогне да го изберете вистинското решение за air-to-water топлинска пумпа. Може да ја искористите и 5-годишната програма за одржување на LG Therma V до 31 декември 2023 година. За целосните детали, можете да се обратите до вашиот локален ланец на партнери на LG.
Комерцијален текст