сабота, 22 февруари 2025
Ристо Цицонков

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Tоплификација (парно) на градовите – решение за аерозагадувањето  

Неодамна Владата на Република Македонија (РМ) соопшти дека големиот проблем со аерозагадувањето во градовите ќе го решава со изградба на гасни когенеративни централи и соодветни системи за топлификација. На прв поглед едноставно решение лесно изводливо, но искусен енергетичар кој има и современи сознанија сигурно има поинакво мислење и пристап.  
Топлификација или градски центален систем за греење има само во градот Скопје. Граѓаните и медиумите го нарекуваат како парно греење, но тоа е погрешен термин бидејќи во системот струи топла вода, а не пареа. Во Скопје, на системот за топлификација се приклучени околу 60.000 корисници, претежно домаќинства, а другите се комерцијални и јавни објекти. Познато е дека околу 35% од бројот на станови во градот Скопје не се користат и нема податоци колку од тие „празни“ 
станови се активно вклучени во работата во системот (греење во празно).  
Во Службен весник на Република Македонија од 1965 година е објавено регистрирање на Дирекција за топлификација на град Скопје, а основач е Градското собрание на Скопје. Оттогаш системот за топлификација постепено се шири, а беа изградени топланите Исток, Запад и 11 октомври кои долго време користеа мазут, а денес природен гас. Во 1999 година е извршена трансформација на сопственичката структура така што претпријатието станува акционерско друштво, односно Топлификација АД. Потоа се случуваат бурни настани при што компанијата е 
ставена под стечај, а потоа е ликвидирана. Топланите ги има купено Адора инженеринг, но оваа компанија не е инволвирана во бизнисот со топлификација. Дистрибутивната цевководна мрежа припаѓа на државата.  
Во меѓувреме во рамките на Град Скопје беше формирана фирма Градски енергетски системи која требаше да стопанисува со градската топлификација, но не беше обезбедена лиценца и тој обид пропадна. Во 2022 година ЕСМ склучи договор за закуп на топланите и доби лиценца да стопанисува со градскиот систем за топлификација преку своите три придружни компании: ЕСМ производство на топлина, ЕСМ снабдување со топлина и ЕСМ дистрибуција на топлина.  
Во овој осврт на градската топлификација не се наведени сите детали, односно проблеми кои сигурно имаат предизвикано последици околу состојбата и функционирањето на системот за топлификација. На пример, голем проблем е редуцираниот стручен технички кадар потребен за одржување и иден развој на системот.  
Првата цевководна мрежа од градската топлификација на Скопје е изградена околу 1965 година, а веднаш потоа е проширена речиси во целиот град. Мрежата се состои од челични цевки покриени со топлинска изолација од стаклена или минерална волна, на крај завиткани со алуминиумски лим или тер хартија, а сето тоа се води во бетонски канали. Значи се работи за челични цевки стари 50 до 60 години подложни на корозија, а со тоа и губење на топла вода од системот. Не можев да дојдам до информација колку топла вода се губи од системот, дали се работи за загубиод 1%, 5% или повеќе? До пред неколку години во летните периоди гледав прекопување на делови од тротоари и улици во Скопје при што стари цевки од топловодната цевководна мрежа беа заменувани со нови со што старата мрежа делумно се подновуваше. Но последниве неколку години не гледам такви зафати.  
Покрај сопственото производство во своите топлани, ЕСМ Топлина во системот користи и топлинска енергија произведена од ТЕ-ТО АД која е приватна (независна) компанија, но заради заеднички интерес, двете страни имаат договор за соработка.  
Да се вратам на најавениот план на Владата со кој се предвидува изградба на гасни когенеративни централи кои истовремено произведуваат електрична енергија и топлина. Бидејќи во зимскиот период скоро во сите градови во РМ има големо аерозагадување, дали се планира изградба на такви гасни централи во сите тие градови? Дали ќе има “доволен“ број граѓани што ќе прифатат приклучување на новиот систем за градска топлификација? Дали ќе има субвенционирање на 
граѓаните за да се приклучат на топлификација? Што со оние градови во кои нема да се изградат гасни централи…?
Ако се градат гасни когенеративни централи, тоа треба да започне веднаш бидејќи работниот век на тие централи е до 25 години, а по 2050 година природниот гас ќе биде исфрлен од употреба 
бидејќи припаѓа во групата на фосилни горива кои се главни причинители на климатските промени. 
Бидејќи за изградба на една гасна когенеративна централа се потребни околу 4 години, можеме уште сега да кажеме дека новите централи што треба да се изградат во РМ нема да работат до крајот на предвидениот работен век од 25 години, а тоа е извесна економска загуба.
Концептот за решавање на проблемот на аерозагадување со воведување на системи за  топлификација на градовите е многу комплексно прашање. Потребен е поинаков приод отколку просто воведување на гасни когенеративни централи. Планирам за неколку дена да подготвам напис со малку поинаков осврт на системите за топлификација.  
 
Д-р Ристо Цицонков, редовен професор  
Машински факултет  Скопје 

КОЛУМНИ

Рајко Пеколски

Вoнредни вести од глобалната лудница

Александар Стојановски

EУ ја губи битката со Трамп

Ричард К. Шервин

Доналд Трамп и неговото невладеење на правото

Рајко Пеколски

Кaко умре вистината

Дамбиса Мојо

Три причини поради кои „залетот“ на вештачката интелигенција би можел да...

Љубомир Николовски

Шоутајм Лука  –  холивудска драма зад затворени врати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ