По двата порази во првите две кола од Европското првенство, Македонија се крена, одигра одличен меч против Швајцарија и дојде до важен триумф.
„Прекрасно е чувството по победата против Швајцарија. Променивме неколку работи во нападот, но и одбраната. Им честитам на моите колеги и нашата репрезентација за овој триумф кој ни е од големо значење по поразите од Швајцарија и Германија, зашто конечно се издигнавме и покажавме како е да се игра во друго светло со многу емоции. Имаше и тешки периоди на мечот, но најдобро е кога се најдобрите моменти да останеме скромни, а кога има криза да најдеме решение за проблемот. Кој и да беше од нас на голот, Никола, Кизиќ или јас, верувам дека ќе ја завршеше својата работа до крај“, кажа Томовски.
Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски