„Политичката амнестија од јули 2011 е незаконска, но и не е потпишана од тогашниот премиер и Советот на Европа не случајно денес потсети на неа. Претседателот на ТМРО, адвокатот Ванчо Шехтански, беше подносител на обвиненијата во Хаг во 2004 година пред тогашната обвинителка Карла Дел Понте, и овие предмети не се затворени, туку се преотстапени на одлучување на домашното судство во 2009 година. Дури во 2010 се направи и судница за судење на овие предмети во скопскиот Кривичен суд, но тоа никогаш не се случи и отиде во заборав.
За ТМРО е чудно што Советот на Европа молчеше 20 години, но како и да е нивно отварање е неопходно за рестарт на правниот и политичкиот систем во Македонија .