понеделник, 21 октомври 2024

Титаник 1 и Талир 1 под ризик да застарат откако Судскиот совет не го врати судијата Шабани во Кривичен суд

Вонредната седница на Судскиот совет свикана со цел да се гласа за времено враќање на судијата Осман Шабани од Апелацискиот во Кривичниот суд со цел да се избегне застарување на предметите Титаник 1 и Талир 1, не успеа. Шест челнови на Судскиот совет беа ЗА, шест судии беа против.

Објавено на

часот

Сподели

Судијата Осман Шабани неодамна беше избран за судија во Апелационен суд Скопје, но идејата беше тој да биде времено упатен во Основниот кривичен суд со цел да се завршат двата предмети, како што тоа беше случај пред две недели кога судијката Александра Ристеска времено од Апелација беше делегирана во Кривичниот суд, како член на судечкиот совет во предметот Ласкарци, со цел судењето да не биде вратено од почеток. За Ласкарци пресудата беше донесена денеска.

По два часа расправа Судскиот совет со шест гласа „за“ и шест „против“ не донесе одлука за делегирање на Шабани.

Оман Шабани го водеше предметот Талир 1, кој е во доказна постапка, а се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и беше отворен 2019 година, како и повторената постапка за случајот Титаник 1 кој започна во 2018 година, во кој тој, исто така, е претседател на судечкиот совет.

Во предметот Талир 1, кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети се 7 лица, а за едно дело веќе има настапено застареност, додека пак целиот предмет беше посочено дека застарува на 11 јануари идната година.

За вториот критичен предмет, Титаник 1, во кој Шабани е претседател на судечкиот совет, беше посочено дека обвинети се 14 лица, додека пак започнат е во 2018 година и суден последователно без прекин во рочиштата.

Дел од членовите на Судскиот совет предупредија дека во предметите има над 200 сведоци и дека тоа е навистина ризична ситуација предметите да застарат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ