На 2 мај, во куќа на улицата Димката А. Габерот во Кавадарци, двајца инспектори од МВР преземале службено дејство фаќање побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот.
Затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена.