среда, 12 март 2025

Тимот на Шекил О’Нил победи на Ол-стар турнирот, Кари е МВП (ВИДЕО)

Синоќа заврши Ол-стар викендот кој кулминираше со главниот настан, овојпат во поинаков формат, турнирски. Победи екипата која ја одбра Шекил О’Нил.

Објавено на

часот

Сподели

Во финалето, Тимот на Шек го совлада составот на Чарлс Баркли со 41-25. Екипата која ја предводеше популарниот Чак наликуваше на репрезентација на светот затоа што во неа беа најголем дел странски кошаркари, меѓу кои и Никола Јокиќ, Шеј Гилџес Александер и Виктор Вембанјама.

Тимот на Шек одлично го почна финалето, поведе со 11-0, а со оглед на тоа што натпреварот се играше додека една екипа стигне до 40 поени, јасно беше дека противникот нема да има многу шанси за пресврт. Најефикасен беше Џејсон Тејтум со 15 поени, Кари додаде 12, а во поразениот тим се истакна Вембанјама со 11.

Сепак, за МВП беше прогласен Стеф Кари кој практично славеше на домашен терен затоа што Ол стар викендот се одржа во Сан Франциско. За него ова е второ вакво признание откако со истото се закити и во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ