понеделник, 21 октомври 2024

Тиквеш со три гола во финишот до прва, историска победа во Европа (ВИДЕО)

Тиквеш со три гола во завршницата од натпреварот го победи Бредаблик со 3-2 иако губеше со 2-0 по првото полувреме.

Објавено на

часот

Сподели

Кавадаречкиот тим оствари победа во својот прв, историски настап во Европа. Во Скопје падна исландскиот тим Бредаблик.

Тиквеш уште од самиот старт создаваше шанси, но на почетокот од мечот го платија данокот на неискуството и примија два гола.

Еинарсон во 13. минута донесе водство за Брендаблик, а во 31. минута Кристинсон зголеми на 2-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

Се чинеше дека Тиквеш ќе забележи пораз, но будењето почна во финишот.

Најпрво погоди Стојкоски во 74. минута, тој ќе биде запишан како стрелецот на првиот гол за Тиквеш во Европа.

Во 80. минута Стојанов постигна прекрасен гол од слободен удар за израмнување на 2-2.

Само три минути подоцна Лео Гуера даде гол за комплетен пресврт и водство на Тиквеш од 3-2, што беше и конечен резултат.

Реваншот е за седум дена, а таму македонскиот тим ќе брани предност од еден гол разлика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ