Шкупи не успеа да го искористи домашниот терен за да создаде предност пред реваншот кој се игра во Кавадарци на 17 април.
Домаќините ја имаа иницијативата, но не успеаа да го скршат отпорот на Тиквеш кој дома си оди со посакуваниот резултат.
Шкупи напаѓаше, Тиквеш играше дефанзивно и се обидуваше со контра напади да го загрози голот на домаќините, но ниту еднаш не се затресе мрежата од двата гола.