Брендот „Луда Мара“ го носи името на истоимената река која минува низ Кавадарци и има огромно влијание врз создавањето на виното и винската култура во овој регион низ вековите. Бројните легенди за оваа река ја опишуваат нејзината понекогаш грижлива, а понекогаш непредвидлива природа. Со своите излевања таа ја хранела и збогатувала почвата, но исто така ја покажувала и нејзината нескротлива сила. Оваа река е олицетворение на двојноста на животот и симбол на човечката издржливост и рамнотежата помеѓу човекот и природата.
Карактерот на реката Луда Мара опишан во овие легенди е инспирација за создавање на брендот „Луда Мара“, како и на дизајнот на етикетите на вината што се дел од него, повикувајќи на свесност и храбро соочување со животот.
Покрај уживањето во прекрасната атмосфера, на настанот присутните пријатели на „Тиквеш“, вљубеници во виното и јавни личности, имаа можност да ги пробаат врвните вина од брендот „Луда Мара“. Под овој бренд се достапни четири вина и тоа две купажи „Luda Mara White Cuvée“ и „Luda Mara Red Cuvée“, како и две сортни вина „Luda Mara Temjanika“ и „Luda Mara Vranec“.
Темелниот пристап за креирање на овој бренд е базиран на успешно етаблирање на вината „Луда Мара“ на домашниот и на странските пазари. Следејќи го примерот на другите добро познати брендови на „Тиквеш“, како „Т’га за југ“, „Александрија“ и вината од специфични микро-локации, се очекува и брендот „Луда Мара“ да ги освои срцата на потрошувачите и набрзо да стане еден од водечките брендови на пазарот.
Комерцијален текст