четврток, 13 март 2025

Тежок пораз на Галатасарај во Холандија, Порто и Рома одиграа реми (ВИДЕО)

Порто и Рома одиграа 1-1, патникот во осминафиналето од Лига Европа ќе се решава на Олимпико, наубедлив беше АЗ Алкмар кој со 4-1 го совлада Галатасарај.

Објавено на

часот

Сподели

Рома поведе на Драгао со гол на Зеки Челик во судиското продолжение од првото полувреме.

Второто полувреме му припадна на Порто, Мура во 67. минута погоди за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат.

АЗ Алкмар направи крупен чекор кон осминафиналето откако на свој терен го совлада Галатасарај со 4-1. Турскиот тим ќе има невозможна мисија во реваншот.

Твенте со гол од пенал во 94. минута го победи Бодо/Глимт со 2-1.

Единствен гостин кој си замина со победа беше ФКСБ која го совлада ПАОК со 2-1 во Солун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ