петок, 18 октомври 2024
Кај се свадбите таму се и пукотниците

Тетовската полиција апелира да не се пука по свадби, казните се од 100 до 250 евра

Објавено на

часот

Сподели

„Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пукањето и самоволното приредување на огномети е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваквите видови прекршоци, согласно членовите 31 и 32 се движи од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“,  за кое согласно член 288 од Кривичниот законик предвидена е и затворска казна од шест месеци до пет години“, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

На граѓаните, исто така, им се укажува дека свадбените огномети треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија, а нивните  организатори навреме да ги спроведат  пропишаните превентивни мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ