четврток, 26 декември 2024

Тетовец измамен преку интернет за 21.000 евра

Во тетовската полиција вчера Б.Ф. (29) од Тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23 март до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, тој преку интернет порачал стока за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17 април од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежната служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен.

Се работи на расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ