четврток, 30 јануари 2025

Тетовец бил запрен од полицијата, удрил во полицаец со отврена врата и избегал

Ш.Р. (32) од Тетово синоќа бил приведен на улицата „Цветан Димов“ во Тетово, откако управувајќи со патничкото возило „опел“ со скопски регистарски таблички, во кое имало уште три машки лица, на улицата „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово не застанал на даден знак за запирање на полициски службеници.

Објавено на

часот

Сподели

Возилото било запрено на улицата „Радован Цониќ“, но Ш.Р. со вратата од возилото удрил полициски службеник и избегал. Тој бил следен, при што полициски службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Откако возилото било пронајдено,  Ш.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ