недела, 22 декември 2024
На ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен не им е дозволено да го користат стадионот во Тетово, на него игра само Шкендија

Тетекс: Ни забрануваат да го користиме стадионот затоа што сме Македонци

Објавено на

часот

Сподели

Отсекогаш стадионот го делеле сите клубови кои биле од Тетово. Тетекс и Шкендија ги играа своите натпревари на тој терен. Но сега општина Тетово им забранува на Тетекс, Љуботен и женскиот клуб на Љуботен да го користат градскиот стадион.

Тетекс преку соопштение ја информира јавноста за овој проблем, тие сметаат дека градоначалникот им забранува да го користат стадионот само затоа што се Македонци.

„Jа користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Екслузивно право на користење на двата стадиони има само фк Шкендија!

Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?

Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков одговор и реализација на нашите барања.

Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза!

Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во позадина?

Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен.

Во спротивно, ќе бидеме принудени  да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментално право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите“, стои во соопштението на Тетекс.
 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ