Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и кај него биле пронајдени дел од украдените пари. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот, против Н.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, на 12.12. 2024, во Полициската станица Струмица било пријавено дека била извршена тешка кражба во продажен објект во село Иловица, струмичко, при што биле одземени 254 кутии со цигари. По преземени мерки било утврдено дека сторител е А.А.(21) од село Иловица, кој во службениот разговор го признал делото, а од него биле одземени кутиите и алатот со кој ја извршил кражбата. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно расчистување на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.