„Несреќата се случила на патниот правец Прењас-Либражд, кај местото викано Пишкаш околу 00:10 часот, кога се судриле патничко моторно возило “мерцедес” и камион со скопски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин“, објавија албанските медиуми.
Како последица на несреќата животот го загубила сопатничката во автомобилот, а тешко е повреден Зеф Синани (34), кој управувал со автомобилот. Повредениот прво бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.
Причина за несреќата најверојатно е движењето на возилата со брзина поголема од дозволената.