Полицијата во моментов прави увид, а од вработените во Тинекс разбравме дека слушнале кочење и силен тресок. Тешко се повредени две лица, од кои едниот е полицаец.
И двете возила се доста оштетени, особено автомобилот, имаат скршени стакла, делови од голфот се расфрлени на десетици метри од местото на судирот, соборен е и знак „стоп“. По асфалтот може да се забележат течности од возилата, но и дамки крв на стаклата. На асфалтот уште стојат празни шишиња, кои, колку што разбравме, биле наменети за првично освестување на повредените.
За причините за несреќата дополнително ќе бидат дадени информации од МВР.
Фото: К.Д.