„Милионерите“ играат под очекувањата оваа сезона, отказ доби и тренерот Нури Шахин, но резултатите не се подобрија ниту со Нико Ковачиќ на кормилото.
Изминатиов викенд беше забележан пораз на домашен терен против Аугсбург, и како што пренесуваат медиумите, овој резултат донел голема тензија.
Ден по натпреварот, Нико Ковач половина час им држел предавања на своите играчи.
„Треба да се засрамете!“ – порачал тренерот и потоа јавно пред сите кажал кои играчи добиле парична глоба поради прекршување на дисциплинскиот код на клубот.
Нико Ковач исто така ги казнил стартерите против Аугсбург и ги натерал да трчаат екстра кругови.
„Не креиравме шанси, немавме опасни напади, немаше агресија, немаше интензитет, немаше брзо движење на топката. Па добивме тоа шго заслуживме: ништо!“ – коментирал тренерот.
Билд исто така додава дека тензијата придонела за тепачка на тренингот во која биле инволвирани Јулијан Бранд и Џејми Гитенс.
Се шпекулира дека двајцата веднаш биле санкционирани, и можно е да го пропуштат реваншот против Лил поради суспензија.