четврток, 6 февруари 2025

Темелковски: Ги демантирам измислиците дека сум починал

Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Илија Темелковски се огласи и ги демантираше гласините дека починал.

Објавено на

часот

Сподели

Попладнево, голем број на извори објавија за нова трагедија во македонскиот спорт и брифираа дека починал поранешниот селектор на ракометната репрезентација, Илија Темелковски.

Сепак, веста се покажа како лажна, самиот Илија Темелковски се огласи и ги демантираше написите.

„Поздрав до сите, јас Илија Темелковски го демантирам она што некој го измислил. Можам да порачам дека сум жив и здрав и ги демантирам сите информации во врска со тоа што некој зел за право дека сум починат. Поздрав до сите“ – вели тој во разговор со 24инфо.

Претходно и од Ракометната федерација на Македонија порачаа дека веста за смртта на Илија Темелковски била лажна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ