понеделник, 21 октомври 2024

Телото на познат британски телевизиски и радио водител е пронајдено на грчки остров

Во потрагата по телевизискиот и радио водител Мајкл Мозли на грчкиот остров Сими е пронајдено тело, пренесува Би-би-си.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Мајкл Мозли (67) исчезнал во средата откако излегол на прошетка од плажата Агиос Николаос.

Телото, кое допрва треба официјално да се идентификува , беше пронајдено денеска во раните утрински часови на рид во близина на барот на плажата Агиа Марина.

Градоначалникот на Сими, Елефтериос Папакалодука, рече дека телото било пронајдено додека екипи го пребарувале брегот со камери.

Полициски извор за Би-би-си изјавил дека починатиот бил мртов веќе „неколку дена“.

Телото е пронајдено покрај ограда, со чадор во близина, на околу 30 минути пешачење од селото Педи, каде последен пат бил виден доктор Мозли.

Телото било пронајдено на неколку метри од луѓето кои уживале на плажата Агиа Марина.

Грчките власти пет дена спроведоа опсежна потрага по Мозли на силна топлина.

По него трагаа пожарникари, кучиња, хеликоптери, дронови, локални жители и полиција од Сими и надвор од островот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ