четврток, 23 јануари 2025
Ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес

Проектот „Модернизација на јавното осветлување“ предвидува замена на постојните улични светилки со нови, енергетски ефикасни светилки, кои ќе обезбедат подобро осветлување на јавните површини. Со овој проект општината ќе постигне значителни заштеди на електрична енергија, намалување на трошоците за одржување на јавното осветлување и подобра заштита на животната средина.

Објавено на

часот

Сподели

Проектот е технолошко решение на Македонски Телеком кое ќе ѝ овозможи на Општина Велес поефикасно да управува со целата инфраструктура. Тоа вклучува контрола на осветлувањето, мониторинг на потрошувачката и енергетските параметри, како и превентивно одржување на мрежата.

„Проектот за паметно осветлување е од големо значење за Македонски Телеком  бидејќи ја поддржува дигиталната трансформација како клучен фактор за подобрување на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните. Нѐ радува што заедно со општина Велес, го имплементираме ова решение кое ќе донесе  вистински придобивки за заедницата“, Марјан Богатиновски, Главен комерцијален директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

Во рамки на проектот, постоечките светилки ќе се заменат со нови 4.695 паметни ЛЕД светилки од реномиран производител. Овие светилки имаат животен век над 100.000 часа, одличен индекс на репродукција на бои и корелирана боја на светлина од 4.000К, што значи дека ќе обезбедат квалитетно осветлување.

За подобро управување со новиот систем на осветлување, ќе се постават електронски контролери за паметно осветлување, улични кабинети со опрема за мерење и управување со електричната енергија и соодветен софтверски систем.

Ова решение ќе овозможи далечинско управување со системот за осветлување, односно вклучување, исклучување и прилагодување на осветлувањето на ЛЕД светилките, автоматски или мануелно. Исто така, системот ќе овозможи следење на работата на ЛЕД светилките преку мапа, приказ на графикони и извештаи за функционирањето на системот.

Во оваа фаза на проектот, поставени се првите светилки на булеварите Алексо Демниевски- Бауман и АСНОМ во Велес. Според извршените мерења на осветленоста на коловозот и тротоарите и фотометриски пресметки, квалитетот на осветлувањето на овие булевари е подобрен до 50% во однос на стариот систем за јавно осветлување.

Комерцијален текст 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ