петок, 18 октомври 2024
Франција

Телата на мајка и четири деца се пронајдени во близина на Париз на Божиќ, биле убиени

Покрената е истрага за убиство откако во стан североисточно од Париз биле пронајдени телата на пет лица. Според обвинителите, жртвите се жена и нејзините четири деца на возраст од девет месеци до 10 години.

Објавено на

часот

Сподели

Нивните тела биле пронајдени доцна навечер во понеделникот во градот Мо, 40 километри од главниот град на Франција. Роднините алармирале откако не добиле никаков одговор од семејството.

Полицијата од вчера трага по 33-годишниот татко, кој бил во бегство, но утрово бил уапсен во Севран (Сен-Сен Дени), според полициски извори јавуваат француските медиуми.

Обвинителот Жан Батист Бладиер за француските медиуми потврди дека правосудната полиција во Версај води истрага.

„На Божиќ, околу 21:00 часот, телата на пет лица беа откриени во стан лоциран во Мо, по пријава од роднини загрижени поради немање реакција од станарите“, рече Бладиер во утринска изјава за печатот.

Во станот немало знаци на провалување, а таткото на децата не бил присутен, додаде тој.

Ова е трет случај на грозоморни убиства во семејство во парискиот регион за само неколку месеци.

На крајот на ноември 41-годишен маж призна дека ги убил своите три ќерки на возраст од 4, 10 и 11 години и сам се предал. Полицијата ги пронашла мртви во неговиот дом во градот Алфорвил, во југоисточното предградие на главниот град.

Во октомври, полицаец ги убил своите три ќерки пред да се убие во својот дом во Вемарс, Вал-Д’Оаз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ