Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривичните дела предизвикување општа опаснот и мачење животни.
„Обвинетиот, на 8 јануари 2023 година, на ул.Индустриска во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. Иако бил свесен дека на местото има голема раздвиженост на луѓе кои би можеле да дојдат во допир со отровот, тој свесно предизвикал значителна опасност“, појаснуваат од Обвинителството.
Оттаму додаваат дека отровот го консумирало куче, кај кое настанала интоксикација и кое угинало