сабота, 22 февруари 2025

Тече рокот за упис за курсот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, Албанија продолжува со организирање  курс по македонски јазик, како изборен предмет. За таа цел факултетот вчера објави оглас, на кој, до 28-ми овој месец ќе може да се пријават сите заинтересирани студенти.

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамки на соработката на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Северна Македонија ве информираме дека во тек е уписот за македонски јазик, како вон наставен предмет“, пишува во објавата на факултетот.

Се додава дека курсевите се бесплатни за сите студенти на Универзитетот во Тирана, а наставата ќе ја изведува Славица Свидерска, професор од универзитет во Скопје.

На крајот на курсот, сите студенти ќе добијат сертификат за соодветно стекнато ниво на познавање на македонскиот јазик, а добиените кредити ќе бидат внесени во додатен документ со дипломата.

„Вон наставните програми за странски јазици се иновација и можности повеќе за студентите на Универзитетот во Тирана и имаат за цел да обезбедат богато и совршено искуство за сите вас кои сакате да го продлабочите своето јазично знаење и култура“, се наведува во објавата.

 

Пријавувањето од понеделник до четврток е од 8:30 до 16:30 и во петок од 8:30 до 14 часот во Факултетот за странски јазици или на електронска адреса [email protected], а информации може да се добијат и на телефонскиот број  +355 4 2452610.

Курс по македонски јазик првпат беше организиран на почетокот на минатата година, кого успешно го завршија над 20 студенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ