Довлев пред 30 години, во 1994-та година, дипломираше во класата на Владимир Милчин и оттогаш е посветен на ансаблот на ТДМ и на публиката. Од 2011 до 2015 беше и на функцијата директор на театарот. Своето образование го надогради и со постдипломски студии на НАТФИЗ, Бугарија, на отсекот за театарска куклена режија. Токму и во овој театар тој магистрираше режија со куклената претстава „Пепелашка”.
Добитник е на Меѓународната актерска награда за анимација на куклата на Малиот Принц во истоимената претстава на фестивалот во Суботица, Србија. Брои успешни и значајни изведби во и надвор од овој театар во други истакнати продукции.
Претставата „Подрум” е негов најнов режисерски печат. Неговата прва изведба како вработен актер во овој театар беше претставата „Пинокио”, а неговата најнова актерска изведба е во претставата „Како ќе го делиме мачорот” во режија и по текст на Јане Спасиќ.
Ставрев е веќе 30 години светло мајстор во Театарот за деца и младинци. Прва негова претстава беше „Пинокио” по што почна да ги реди успешните проекти.
Нашите претстави не би ја добиле вистинската визура без вештото и будно око на овој инвентивен светло мајстор, велат од ТДМ.