Тој наведе и дека Грузија ќе го препише и усвои американскиот закон за регистрација на странски агенти (ФАРА) од збор до збор.
„Многумина се обидоа да ја дискредитираат нашата идеја да се донесе закон за транспарентност на финансирањето. Еве го американскиот закон – ФАРА, ние ќе го спроведеме од збор до збор и ќе го примениме на Грузија. Ако постојат какви било прашања во врска со законот, контактирајте ги САД или нивната амбасада во Грузија за објаснување“, додаде тој.
Папушавили истакна дека коментарите на новата американска администрација за улогата која ја имала американската агенција за меѓународен развој УСАИД, ѝ сигнализираат на Грузија да го преиспита и измени своето законодавство.
„Неодамнешните откритија за злоупотребата на американската помош го потврдуваат она што го зборувавме – странски средства се користени за вршење влијание во други земји преку невладини организации и медиуми. Утврдено е дека дури и меѓународно признати медиуми, како што е Политико, добиваат средства од различни буџетски извори, туркајќи одредени политички агенди. Овие откритија ја засилуваат потребата ова прашање да се реши преку закони“, кажа Папуашвили.
УСАИД во 2024 година издвоила 11,5 милиони долари за поддршка на изборите и „владеење на правото“ во Грузија, каде во октомври избија протести по победата на партијата Грузиски сон. Според истражителите, нивните обуки и конференции ги финансирало претставништвото на УСАИД во Грузија.