Кулаков напиша дека Пандов, со својата вчерашна најава, ја враќа довербата дека државата конечно ќе почне да функционира, односно дека функционира. Пандов синоќа со својот тим изврши увид во притворските ќелии каде пронајдоа и одзедоа мобилни телефони од притворениците, меѓу кои и од Јованов. „Почнуваме војна против корумпираните службеници во затворите, ќе има најстроги казни и бркање од работа за виновниците“, најави вчера Пандов.
„Како семејство се чувствуваме должни да изразиме јавно благодарност што ни ја враќаш вербата дека државата конечно ќе почне да функционира, односно дека веќе функционира. Дека злосторниците, убијците ќе го добијат третманот кој им следи, со што ни дава верба дека и судскиот епилог и казните кои ќе ги добијат, ќе бидат адекватни. Уште еднаш огромна благодарност до тебе, до директорот на Шутка и до целиот твој тим – од цело семејство, пријатели и колеги на Фросинче“, напиша нејзиниот татко.