среда, 4 декември 2024

Татјана Димитровска тврди дека во ДКСК нема притисоци од политичари

Притисоци од политичари немаме. Ние сме независна институција и нема да дозволиме каква било форма на притисок, изјави деенска во Битола претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за медиумите Димитровска нагласи дека борбата против корупцијата не зависи само од една институција и потребно е заедничко дејствување.

„Борбата против корупцијата не зависи само од една институција. Максимално вложуваме напори за постапување по сите предмети и нивно процесуриање. Притисоци од политичари немаме. Ние сме независна институција и нема да дозволиме било каква форма на притисок“, посочи Димитровска.

На новинарско прашање во врска со постапката и динамиката на оформениот предмет во ДКСК за условите за именување на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Димитровска истакна дека во ДКСК секојдневно пристигнуваат дополнувања на пријавата со одредени сомневања.

„Во ДКСК пристигната е пријава за сомневање за неисполнување на услови за именување на директорот на Агенција за национална безбедност и за истата е оформен предмет. Во тек е обезбедување на целокупната документација заради потврдување на фактичката состојба. Морам да истакнам дека по првата пријава секојдневно пристигнуваат дополнувања на пријавата со одредени сомневања за конкретните услови кои ги предвидува законот, и по утврдување на фактичката состојба ДКСК ќе донесе одлука на јавна седница“, одговори Димитровска.

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска денеска во Битола учествуваше на промоција на „Антикорупциски караван“ организиран од Македонски центар за меѓународна соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ