Од ЦУК потсетуваат дека вчера, од 1:50 часот, пожарот во Чаир го гаснеле 20 пожарникари со седум противпожарни возила поради запален магацин во подрумски дел на зградата во Чаир.
„Пожарот е проширен и на станбена зграда, на приземните дуќани, а имаше многу густ црн чад, поради што евакуирани се повеќе од жителите на зградата. Од Итната медицинска помош во 14:25 часот известиле дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар и една бремена жена. Дополнително како помош на БППЗ на Град Скопје пристигнало специјално противпожарно возило на АРСМ“, се вели во соопштението од ЦУК.
Легени, кофи, пластични чинии, чаши, играчки, саксии… горат во огромниот магацински простор, очигледно на диво сместен во подрумските простории од зградата на улицата „Серава“ во скопската Општина Чаир.
Како што вчера објави МКД.мк во подрумските простории на оваа зграда гореше пластична стока донесена во четири бродски контејнери. Подрумите на оваа зграда веќе подолго време биле користени како магацин на голема компанија од Пластичарската улица во Скопје.